Еден од омилените светски брендови каде што буквално може да најдете сѐ за домот, Икеа, има две нови колекции во кои ќе се заљубите од прва.

Како и секогаш, колекциите се наменети за луѓе во движење со модерни решенија за сите простори, па дури и за оние најмалите.

За една од колекциите силите ги здружија млади дизајнери кои се познати по изработката на парчиња за модерните луѓе, односно компактен мебел што секогаш и служи на својата цел.

Новата колекција на брендот оживува некои од легендарните парчиња на Икеа, како познатите шик лустери од 2014 година кои доживеаја огромна популарност поради нивниот интересен изглед.

Дел од колекцијата се и нови парчиња како неодоливи кревети во интензивни бои, потоа кул свеќници, столици, масички, украси за домот, различни прекривки и што уште не.

Сосема нормално, сите нови парчиња од брендот се супер функционални и нивното користење претставува вистинско уживање, а секогаш истите имаат и супер изглед.

Покрај оваа, креативците на брендот создадоа и супер мини лимитирана колекција со парчиња во јаки и весели бои и многу забавни детали за домот.

Во галеријата гледате дел од парчињата од двете колекции за кои знаеме дека ќе ве воодушеват на прв поглед!

Објавено:
30 јануари 2017
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
5.057 пати