Да се уреди стан со мала квадратура не е така лесна задача. Повеќето, сакајќи визуелно да го зголемат просторот, одат на сигурна варијанта со мебел и ѕидови во светли нијанси, не осмелувајќи се да вметнат други нијанси.
Но, тимот од „Елена Лука Хоум“ покажува дека тоа не секогаш мора да е првиот избор.
На фотографиите гледате пример за тоа како совршено може да се испланира простор од 43 метри квадрат, а притоа внатрешноста да е уредена во сиви и портокалови нијанси.
Сивата како неутрална боја го смирува просторот и е совршена основа за игра со модните додатоци и вметнување боја. Од друга страна пак, портокаловата внесува топлина и дозирана динамичност.
Доволно е се послужите со перници во портокалова нијанса и промената веднаш ќе биде видлива.
Ако сте љубител на футуристички дизајн, тогаш можете да се послужите и со ефекти како на фотографијата подолу.
Можете да си поиграте со светлина, сенки, текстури или декоративни предмети и да создадете уникатен простор во кој максимално ќе уживате.
За повеќе информации, клилнете на линкот тука.