(фото) Предлог за уредување на стан од 45м2 во зелени нијанси

16 февруари 2022

Зелената е една од најактуелните бои при внатрешното уредување. Многумина ја сакаат бидејќи на просторот му дава елеганција и луксузна нота.

Ова можете да го изведете со тапети или пак со класично бојадисување на ѕидовите, главниот мебел да биде во тие нијанси или пак да се одлучите за детали.

Доколку ви се допаѓа оваа идеја, но не сте сигурни како би изгледало, ние најдовме пример на страниците на ЕЛЕНА ЛУКА ХОУМ, аплициран врз стан од 45 метри квадратни.

„На фотографиите гледате пример за елегантно внатрешно уредување на стан, со доза на луксуз. Зелените нијанси од една страна внесуваат смиреност, а во просторот е инкорпорирана во мебелот, но и ѕидовите преку дизајнирани тапети и обоени ѕидови.

За уште попријатна атмосфера во домот, вметнати се дрвени елементи во секоја од собите, посебно во деловите со сводови и ќошињата кои се практично искористени. Металните елементи ја внесуваат потребната доза лускуз. За севкупниот ефект мошне придонесува и осветлувањето - лустерите и ламбите со минималистичка естетика фрлаат сосема ново и уште поубаво светло на целиот простор.
Истата естетика е применета во дневната и кујната кои се поврзани, како и во спалната, со што се постигнува комплементарност и естетска целина“, велат од компанијата.

Повеќе информации можете да пронајдете тука, а во продолжение погледнете ги и останатите фотографии:

Објавено:
16 февруари 2022
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
1.713 пати