Еве како ќе изгледа новиот објект на Гугл во Лондон

9 јуни 2017

Гигантот Гугл го претстави својот амбициозен архитектонски подвиг што се однесува на изградбата на новото седиште на компанијата во Лондон, што треба да започне да се гради идната година.

Се работи за раскошна градба на 11 катови, а е лоцирана во близина на King's Cross.

Она што може да го резимираме според веќе достапните фотографии во јавноста, е дека се работи за модернистички објект во чиј ентериер ќе доминира природната светлина благодарение на огромните стаклени прозорци. На кровот од објектот вработените ќе може да уживаат во еколошките градини, баровите, а за време на паузите да вежбаат во теретаните или да одмараат покрај базените.

Целиот проект го осмислија британскиот дизајнер Томас Хетервик и данскиот архитект Бјарке Ингелс.

Комплексот ќе се простира на површина од 92 илјади метри квадратни, внимателно одразувајќи го духот и еколошката етика на компанијата во прилог на што оди и фактот дека ќе бидат достапни дури 650 паркинг места за велосипеди.

Извор: buro247.hr

Објавено:
9 јуни 2017
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
161 пати