Шопинг на спирални скалила: Продавницата на ,,Долче и Габана" во Сеул е стаклен објект од соништата

15 март 2021

Сигурно ќе си речете: Што е важно каква продавница имаат ,,Долче и Габана" во Сеул? Но, продавницава е цел објект и изгледа фаантастично.

Станува збор за продавница како и секоја друга, освен што оваа наликува како да сте нурнале во гардероберот на Брус Вејн, на Бетмен, оној каде го чува оделото. 

Објектот е сметен на главната улица во Сеул и претставува цикиндер од стакло, поставен помеѓу 4 гранитни столбови. Беспрекорно проѕирното стакло и црната боја создаваат совршен спој на елеганција и атрактивен изглед.

 

Внатрешноста се состои од широки мермерни скалила кои ве шетаат на различни катови, а од страните се сместени парчиња од најновитр колекции. Стиденилото нацрното стакло, сивиот бетон и алуминиумот, совршено се надополнува со топлината на дрвото. 

На кровот на објектот е сместена фантастична голема тераса со полукружна стреа, а тука за посетителите е сместен барот и вкусното мени коктели на база на мартини. 

Дизајнот на зградата е дело на Ateliers Jean Nouvel и Jean Nouvel Designs

Објавено:
15 март 2021
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
438 пати