Погледнете ги прекрасните нови канцеларии на Гугл во Лондон

4 ноември 2013

Базен, фудбалски терени, карпа за качување, соблекувални и тушеви... не, не говориме за спортски центар, туку за новите канцеларии на интернет гигантот Гугл.

Токму во вакви услови ќе можат да уживаат неговите вработени во новите канцеларии во Лондон за кои се планира да се отворат во 2016 година.

„Идејата за проектот е вработените да не бидат само работници, туку и станари на објектот. Тие мора да бидат позитивно инспирирани од околината, бидејќи само така ќе го дадат нивниот максимум во работата“, велат архитектите од студиото Алфорд Хал Монаган кои ќе ги градат канцелариите.

Тие појаснуваат дека канцелариите ќе бидат исклучително функционални и проодни, а содржински ќе бидат навистина неверојатни.

„Размислувавме и за театар и посебни соби со мебел. Всушност, самата зграда по себе е еден вид на прекрасен театар, тоа ќе биде едно вистинско уметничко дело“, велат архитектите.

Во канцелариите ќе можат да се сместат 4.500 вработени, што ќе биде двојно повеќе од работниците што Гугл во моментов ги има во Лондон.

Во продолжение погледнете ја галеријата и уживајте!

Објавено:
4 ноември 2013
Категорија: 
Фото галерија