Погледнете ги креативните канцеларии на Пинтерест!

31 март 2014

Веруваме дека веќе имате креирано профил на одличната креативна мрежа Пинтерест, но дали некогаш сте погледнале како изгледаат нивните канцеларии?

Со оглед на тоа што оваа социјална мрежа се прошири за исклучително кратко време, така и нивните канцеларии и вработени.

Во продолжение, пет вработени во компанијата, меѓу кои и тројца мултиталентирани инженери, нѐ водат низ креативните канцеларии на Пинтерест и ни ги прикажуваат неверојатно добрите услови во кои работат.

Воопшто немојте да се изненадите доколку на фотографиите видите преполн „снек бар“, најразлични места за одмарање и колоритна канцеларија за состаноци.

Токму овие работи, на вработените им ги прават деновите уште поубави и покреативни!

Објавено:
31 март 2014
Категорија: 
Фото галерија