Со тренерки во луксузен шопинг?

9 декември 2014

Новинарката Стефани Тронг инспирирана од студијата направена од Харвард од студентката Силвија Белеза и двајца професори од Универзитетот, која беше објавена во Journal of Consumer Research, решила да спроведе моден експеримент. Силвија направила студија за однесувањето на вработените во луксузните бутици во Милано и дошла до заклучок дека во последно време, покрај тоа што внимание се обрнува на купувачите кои носеле модни парчиња, биле услужени и купувачите кои носеле спортска опрема за тренинг.

Решена да ја тестира оваа теорија, Стефани облекла маица, комплет тренерки, Најк патики, црна јакна и од шминка на себе ставила само кармин од Шанел. Друштво и правел нејзиниот пријател Џереми, кој за разлика од неа, бил убаво облечен. Тие се упатиле на познатата авенија Медисон и започналее со прошетка низ неколку луксузни бутици,

Bergdorf Goodman. Стефани и Џереми прво се упатиле во стоковната куќа Bergdorf Goodman која нуди парчиња и модни додатоци од разни модни брендови. Новинарката веднаш се упатила кон аксесоарите на Селин и набљудувала дали ќе ја забележи некој од персоналот. Иако двајца мажи и една девојка од вработените немале купувачи за услужување, сепак не се упатиле кон неа. Да биде уште полошо, на заминување од стоковната куќа, вработените не ја поздравиле Стефани, туку само нејзиниот пријател Џереми, кој бил неколку чекори зад неа.

Barneys. Веднаш по влегувањето во стоковната куќа, Стефани се упатила кон секцијата на Селин и за среќа, вработените девојки ја поздравуваат и и нудат помош во изборот на модни парчиња. Но сепак, ваквиот третман не го добива во делот на Шанел, каде вработените се прават како таа да не постои, иако ја интересирал одреден модел на чанта. Исто така, неколку минути подоцна пристигнала девојка која носела модел Биркин чанта, па вработените веднаш се упатиле кон неа. За разлика од Стефани. Џереми повторно го добива целото внимание од истите вработени кои воопшто ја погледнале новинарката.

Шанел. Со исклучок на вратарот кој ја поздравил Стефани, вработените во Шанел исто така не ја поздравиле Стефани, ниту пак и обрнале внимание, иако се задржала подолго време во делот на аксесоарите и накитот. За разлика од неа, во бутикот имало девојка која носела модел на чанта од Шанел и на која и било понудено шампањ додека разгледувала какви новитети има во бутикот.

Сен Лоран. За разлика од претходните искуства, Стефани само што влегла во бутикот на Сен Лоран ја дочекала млада девојка која и понудила да и ги покаже новите модели на чевли од брендот.

Прада. На изненадување на новинарката, персоналот во Прада исто така ја пречекува и поздравува и и нуди помош во разгледување на новитетите. За да не испадне дека ништо посебено не и привлекува внимание, Стефани побарала да ја разгледа пролетната колекција на модниот бренд. Задоволна го напушта бутикот.

Луј Витон. За крај, Стефани се упатува во бутикот на Луј Витон каде имало и доста купувачи. Сепак низ прошетката наидува на тројца вработени кои стоеле на страна и разговарале. Таа им се приближува со цел да ги разгледа моделите на чанти кои биле во нивна близина. Тие воопшто не и обрнале внимание и пред неа разговарале за искуства со купувачи, нивните изгледи и тоа дека не знаеле што сакаат да купат. Тоа што најмногу и сметало на Стефани е што не само што не и обрнале внимание, тие исто така пред нејзе споделувале искуства, не сметајќи ја неа за потенцијален купувач

Иако Стефани немала посебно никакви очекувања од ова истражување, сепак била разочарана од односот на персоналот кој работи во луксузните бутици и стоковни куќи. Можеби секој не може да си дозволи да ги поседува најновите парчиња од модните куќи, но тоа не е основа за да не се приметува ни најмалку нивото присуство. Доколку во иднина ви се даде шанса да одите во Големото јаболко и доколку сакате да ги посетите познатите бутици, бидете убаво облечени ако сакате да привлечете внимание од нивните вработени. Според вас, дали ваквиот однос на персоналот треба да биде дозволен, особено кога се работи за продажба на парчиња од светски модни брендови?

 Преземено од Fashionista.com
Објавено:
9 декември 2014
Категорија: 
Стории