Италијанскиот луксузен бренд Долче и Габана, својата империја ја прошири со нова линија наменета за уредување на домот.
Првата колекција за декор во ентериерот, е реплика на гламурот и максимализмот по кој тие станаа преознатливи со своите модни колекции.
А тоа подразбира силна експресија, многу боја, микс на стилови и текстури.
Во колекцијата доминираат неколку, за нив карактеристични мотиви како: медитеранските сини дезени, животинските принтови, комбинациите на интензивни бои.
„Сакавме експлозија на бои, емоции и мириси", велат во своето објаснување на колекцијата од италијанскиот двоец.
Од кујнски прибор, до декоративни перници и мебел, Долче и Габана покажале голема амбиција и кога е во прашање уредувањето на ентериерот со италијански шмек.
Извор: Farfetch