Мини бар во домот – стилски и функционален декор

31 март 2022

Ако сметате дека ви недостасува некој детаљ во вашиот дом, за ентериерот да ви биде комплетен, а немате идеја што е тоа, тогаш ние ќе ви помогнеме со еден ултра модерен предлог: мини бар.

Функционално и популарно парче мебел, со кое вашето топло катче ќе добие ретро шарм во модерно издание.

Освен тоа што тука може да ги складирате вашите омилени пијалоци, може да му најдете дополнителна примена, на пример како помошна масичка.

Ако ги разгледате Инстаграм профилите кај кои ентериерот е тема во фокус, ќе забележите дека всушност мини барот е многу актуелно парче во современото ентериерно уредување.

Моделите варират во различни стилски изданија, од такви со изразена ретро нота што ќе ве потсети на домот на вашите баба и дедо, до ултра модернистички и минималистички што даваат луксузен акцент на просторот.

Издвоивме неколку впечатливи модели како мотивација како би можеле да ги вклопите во уредувањето на вашиот дом.

 

Објавено:
31 март 2022
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
840 пати