Свежата и оптимистичка жолта и сигурната сива нијанса, институтот за боја „Пантон" ги одбра како бои што ќе ја обојат 2021 година.
„Illuminating е свежа и весела жолта боја зрачи со живот. Тоа е топла нијанса проткаена со соларна енергија. Ultimate Gray е симбол за сигурни елементи кои траат и обезбедуваат цврста основа. Кога овие две бои ќе дојдат во пар, спојуваат длабоки чувства на размислување, со оптимистичко ветување за ден исполнет со сонце", кажаа од институтот во однос на нивниот годишен избор на бои.
Според овој избор, креативната индустрија веќе ги дефинира своите концепти за претстојната година, во кои на еден или друг начин ги имплементира најпопуларните бои што ги посочува институтот.
Особено возбудливо е да се види како овие бои ќе се вклопат во модерната архитектура и ентериери.
Ние направивме виртуелна тура низ повеќе еминентни списанија и магазини за архитектура, ги земавме предвид и популарните трендови на социјалните мрежи, па издвоивме неколку компактно дефинирани и дизајнирани ентериери во чиј дизајн хармонично се вклопени двете бои на годината.
Мебел, декоративни елементи, тапети, завеси, клими, детали - преку нив, присуството на двете бои може да биде комбинирано на различни, креативни начини.
Фото: Пинтерест