33 модни предлози како да ги комбинирате боите на годината

11 декември 2020

Институтот „Пантон“ неодамна соопшти кои две бои се избрани за „Бои на годината“. Се работи за нијанси на сива и жолта.

Оваа комбинација често може да се види како избор за уредување на ентериер, но не била посебно доминантна кога се во прашање модните комбинации.

Сепак, тоа не значи дека не била воопшто практикувана, бидејќи создаваат убава, а сепак контрастна композиција.

Ако една од овие две бои ви е омилена, тогаш ќе немате проблем да ги импелемтирате во секојдневниот стил. Доколку пак, можеби не ви се на врвот на списокот бои што би ги носеле, можеби примерите во продолжение ќе ве инспирираат да посакате да облечете нешто сиво или жолто.

Исто така, ако за вас ова е пресмела комбинација, тогаш секогаш постои варијанта да играте преку модните додатоци. Чевли, чанта или марама во жолта нијанса, на сива комбинација има потенцијал за успешно составена модна приказна.

Погледнете ги примерите што ние ги најдовме:

Објавено:
11 декември 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
7.053 пати
Тагови: 
сиво и жолто