Што да облечете денес?

25 март 2014

Fashionel за денеска ви предлага две комбинации, тотално тренди и шик, секоја со своја, посебна и уникатна приказна.

Доколку сѐ уште сте дома, денот задолжително започнете го со свежи бои и спротивставете му се на мрачното време. Облечете модерни фармерки со интересен принт во комбинација со разиграна маичка на куси ракави во неколку бои. Во прилог на комбинацијата облечете и црно палто, а внесете и пролетна свежина со потпетиците во жолта боја. Тренди капчето во сива боја и впечатливата црвена чантичка, заедно со супер накитот составен од алки и тотално кул жолто ланче, се само додатоци плус за и онака одличната комбинација.

Веруваме дека за вечерните часови веќе имате договорено кафе со пријателите, па за да бидете што е можно побрза, единственото нешто што треба да го направите е да го облечете овој супер фраерски фустан и да бидете тотално уникатна и оригинална! Со сето останато од дневната комбинација, дефинитивно ќе бидете кралица низ скопските улици!

Објавено:
25 март 2014
Категорија: 
Тренд