15 стилски совети од модната икона Дајен Кругер

23 јули 2014

Дефинитивно постојат многу начини со кои можеме да ја опишеме Дајен Кругер како една од најстилските модни икони на денешницата, па оттука сосема нормално е да ги слушаме нејзините стилски совети.

Наназад низ годините прекрасната актерка постојано прави непогрешливи комбинации од кои инспирација црпат многу девојки ширум светот, но и нејзините колешки од Холивуд.

Дека таа има навистина уникатен стил покажуваат и нејзините постојани експерименти со комбинациите, со фризурата и шминката кои секогаш на крајот се оценуваат со највисоки оценки.

Во чест на нејзиниот 38 – годишен роденден што го прослави на 15 – ти месецов, ние ви претставуваме 15 фотографии преку кои многу ќе научите за стилот.

Можете да почнете да фаќате забелешки!

Плетенките не мора секогаш да бидат досадни и едноставни. Плетенките не мора секогаш да бидат досадни и едноставни.

Капчето на вашето момче не мора да е само за него! Капчето на вашето момче не мора да е само за него!

Тексас елекот без ракави е толку тренди! Тексас елекот без ракави е толку тренди!

Комбинацијата од кошула на долги ракави и куси панталони е секогаш толку софистицирана Комбинацијата од кошула на долги ракави и куси панталони е секогаш толку софистицирана

Фустаните со џебови се тотално ин! Фустаните со џебови се тотално ин!

Ако сакате да бидете вистинска трендсетерка, секогаш експериментирајте со формите и големините Ако сакате да бидете вистинска трендсетерка, секогаш експериментирајте со формите и големините

Ранецот е нешто задолжително за ова лето Ранецот е нешто задолжително за ова лето

Парчињата со високи рамена не мора да останат запечатани само во 80 - тите Парчињата со високи рамена не мора да останат запечатани само во 80 - тите

Мешајте принтови секогаш кога можете Мешајте принтови секогаш кога можете

Не значи дека и вие не можете да го носите костимот на вашиот пријател - мимичар! Не значи дека и вие не можете да го носите костимот на вашиот пријател - мимичар!

Понекогаш, покажувањето на долната облека е супер секси Понекогаш, покажувањето на долната облека е супер секси

Имајте храброст да мешате принтови и за свечени и елегантни принтови Имајте храброст да мешате принтови и за свечени и елегантни принтови

Високите чизми се полн погодок за состанок со вашето момче! Високите чизми се полн погодок за состанок со вашето момче!

Истото е случај и со палтото со два реда копчиња Истото е случај и со палтото со два реда копчиња

Кусата маичка во комбинација со тесно здолниште со висок струк е се што може една жена да посака. Кусата маичка во комбинација со тесно здолниште со висок струк е се што може една жена да посака.

 

Објавено:
23 јули 2014
Категорија: 
Направи сам