Оптичка илузија: Тросед кој ќе ве замисли дали да седнете

24 март 2021

Ако сте љубител на необични и креативни парчиња мебел тогаш овој тросед ќе ви изгледа мошне интересно.

Италијанскиот дизајнер Фабио Новембре покажа дека креативните парчиња и тоа како успешно можат да се вклопат во ентериерот.

Тој дизајнираше тросед за брендот „Капелини“ и го нарече „Адаптација“, кој на прв поглед изгледа како да е со скршени ногарки од едната страна.

Сепак, овој тросед не е крив, туку се работи за оптичка илузија која Новембре ја создал така што на троседот поставил перници за седење со различна широчина.

Својот производ го опишува вака: „Адаптација е тросед кој се соочува со неизвесноста на нашето време. Тој покажува ддека е доволно само малку капацитет за адаптација за да продолжиме да живееме и да се смееме. Историјата не' учи дека оние кои не се во состојба да се адаптираат, исчезнуваат“.

Иако мошне необичен, сепак може убаво да се вклопи во просторот. 

Што мислите вие, би сакале ли да имате вакво парче мебел?

Објавено:
24 март 2021
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
488 пати
Тагови: 
илузија тросед