Ретро хит во ентериерното уредување: тапети со принтови од 70-те

6 мај 2020

Естетските тенденции од 70-те години на минатиот век, наголемо се враќаат меѓу трендовите во ентериерното уредување.

Стилот карактеристичен за оваа декада ќе се имплементира преку декоративните детали и изборот на мебел, но особено изразен ќе биде преку тапетите со еклектични или интензивно, колоритни принтови.
Веројатно, периодов што во поголем дел го поминавме дома, низ глава постојано ви поминуваа идеи како да го преуредите или освежите домот, па ако веќе се одлучите на таков чекор, тапетите со впечтливи дезени се една од подобрите солуции.

Визуелниот ефект е веднаш воочлив, а притоа не бара голема финансиска инвестиција, па од тој аспект е често посакувано решение.

Масивните флорални и тропските дизајни се во централниот фокус, но она на што треба да посветите особено внимание, е изборот на тапети добро да го усогласите со остатокот од ентериерот. Во таа насока, доколку мебелот и ѕидовите во вашиот дом се во неутрални тонови, може да си дозволите тапети со поизразен дизајн, со што ќе го акцентирате просторот. Но, во случај кога во ентериерот веќе преовладува богатиот колор, тогаш бирајте тапети со посуптилни мотиви, за да избегнете непосакуван ефект што ќе го оптерети просторот во кој секојдневно функционирате, а во кој пред се треба да се чувствувате пријатно и одморено.

Направивме селекција на неколку ултра модерни, ретро дизајни на тапети функционално имплементирани во современото домување.

Фото: Пинтерест

Објавено:
6 мај 2020
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
604 пати
Тагови: 
ентериер тапети