Шест начини како дневната соба да ја направите најпријатното место на светот

24 февруари 2022

Ќе се согласите дека дневната соба е местото каде поминуваме најмногу време во домот. Тоа е една од причините поради која е важно овој простор да ни биде пријатен и удобен.

Покрај тоа што ќе го уредите во стил кој е близок до вашата естетика, за севкупната атмосфера и впечаток ќе придонесат и финесите. На пример, пријатна атмосфера секогаш можете да направите со перничиња и меки ткаенини.

А уште со што друго, советуваат од ЕЛЕНА ЛУКА ХОУМ.

 

Погледнете ги фотографиите во продолжение и инспирирајте се:


Не само што ќе го разубави вашиот простор, туку ќе го направи и повпечатлив. Ова е практичен дел од мебелот, кој во склад со останатите елементи во собата, може да ви го направи престојот во дневната супер удобен.

 

Растенијата го облагородуваат просторот, па затоа не двоумете се дали да ги имплементирате во просторот. 

 

„Голите“ подови се можеби практични, но оние со тепих го прават просторот многу потопол и попријатен, па одберете го омилениот дизајн и внесете дополнителна доза топлина во дневната соба.

 

Ламбата ќе ви го збогати просторот, ќе создаде можност за уште поголемо уживање во омилената фотелја или двосед.

 

 

Денес навистина има широка палета табуретки, па изборот навистина би требало да биде лесен. Од плетени до кожни, табутетките се практични, одличен мултифункционален предмет кој ќе ви го направи престојот во дневна уживање. А супер опција се и за моментите кога имате гости.

 

Преголемата дистанцираност меѓу мебелот создава празнини во просторот, со кои се губи целината, односно топлината. Затоа, не двоумете се да ги поставите предметите поблиску, но сепак консултирајте стручно лице за вистинските пропорции и растојанија, бидејќи не е целта да го загушите просторот, напротив, да го направите што попријатен.

Повеќе совети можете да најдете на официјалната страница на ЕЛЕНА ЛУКА ХОУМ како и на социјалните мрежи.

Објавено:
24 февруари 2022
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
681 пати