Убавината е во деталите: Претворете ја бањата во фантастичен простор

8 април 2021

Уредувањето на бањата само навидум изгледа како лесна задача. Впечатливи садови за складирање четки и сапун за раце, кутијансо шамивчиња и пуфкасти черги не се луксузна инвестиција, но ќе му дадат поинаков шарм на просторот. 

Доволни се неколку детали кои за неколку скалила ќе го кренат нивото на луксуз во бањата, а дел од нив погледнете во продолжение. 

Декоративна даска за кадата

На неа можете да ставите миризливи свеќи, да ја оставите книгата што ја читате додека се излежувате во полната када, да ставите некое убаво цвеќе.

Скала за пешкири

Наместо да ги ставите пешкирите традиционално на закачалка, набавете дрвена скала која ќе може да ја потпрете на некој ѕид од бањата веднаш до умивалникот.

Држач за складирање тоалетна хартија

Ослободете се од вообичаениот платичен држач, а тоалетните хартии наместо во плакар ставете ги на самиот држач за складирање

Интересна черга

Дури и да немате еднобојни плочки, пронајдете штосна, невообичаена, интересна черга

Завеса за туширање со интересен принт

Изберете впечатлива завеса за туширање во интересен, живописен крупен принт

Ботанички принт

Украсете ја баеата така што ќе стабите некоја слика/фотографија/уметничко дело. Најдобра варијанта е нешто со ботанички мотиви.

Растенија

Зеленилото ви е потребно во секоја бања, без разлика дали имате бања во минималистички стил или полна принтови

Корпа за складирање 

Плетена или дрвена, корпата веднаш ќе го збогати изгледот на бањата. А да не зборуваме колку е практична

Објавено:
8 април 2021
Категорија: 
Архитектура
Прочитано:
3.998 пати