Балетот „Дамата со камелии“ - уживање за сите сетила

20 ноември 2019

Во рамките на фестивалот „Есенски  музички свечености“ 2019, в петок, 22 ноември со почеток во 20 часот, во Националната опера и балет ќе биде изведена раскошната балетската претстава „Дамата со камелии“  на музика од Џузепе Верди.

 „Дамата со камелии“ е балетска продукција која наиде на одличен одзив кај публиката и беше оценета со позитивна критика, својата премиера ја имаше на 31.10.2014 г. Работена по музиката на Џузепе Верди, а драматуршката подлошка е земена од неговата популарна „Травијата“. Кореографијата е на еден од водечките руски кореографи  Василиј Медведев, кој работи со големите театри „Бољшој“ од Москва и „Марински“ од Санкт Петербург. Прекрасните костими и убавата сценографија се дело на Павол Јураш  гостин од Словачка.

Во главните улоги ќе настапат првенците Мими Поп Алексова Атанасовска  и Бобан Ковачевски.

Настапуваат  солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.

Диригент е Иван Еминовиќ.

Објавено:
20 ноември 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
772 пати