„Дамата со камелии“ утревечер на сцената на НОБ

21 октомври 2019

Во вторник, 22 октомври, 2019 г. со почеток во 20 часот, во Националната опера и балет ќе биде изведена раскошната балетска претстава „Дамата со камелии“ со музика од Џузепе Верди.

„Дамата со камелии“ е балетска продукција која наиде на одличен одзив кај публиката и беше оценета со позитивна критика, а својата премиера ја имаше на 31.10.2014 година.

Работена по музиката на Џузепе Верди, а драматуршката подлошка е земена од неговата популарна „Травијата“. Кореографијата е на еден од водечките руски кореографи  Василиј Медведев, кој работи со големите театри „Бољшој“ од Москва и „Марински“ од Санкт Петербург. Прекрасните костими и убавата сценографија се дело на Павол Јураш, гостин од Словачка.

Во главните улоги ќе настапат првенците Марија Кичевска-Шокаровска и Бобан Ковачевски. Настапуваат солисти, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет, а диригент е Иван Еминовиќ.

Објавено:
21 октомври 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
321 пати