Рокфелер центарот во Њујорк блесна во новогодишно руво. Во среда беа запалени новогодишните сијалички на најголемата елка, која секогаш е висока помеѓу 21 и 30 метри.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Годинава новогодишното дрво енорвешка елка, а е донесена од Флорида и висока е речиси 24 метри. Стеблото е старо 60 години, а до неодамна беше дел од градината на госпоѓа Керол Шулц.
„Сонував за тоа еден ден мое дрво да биде поставено таму. Од време на време зборував со елката. Беше исклучително мала, но јас верував дека еден ден ќе биде огромно, прекрасно дрво. До елката ми успеваа само кактуси“ објаснува Шулц за тамошните медиуми.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Инаку, елката на Рофелер центарот стана исклучително популарна благодарение на филмот „Сам дома“, местото на кое Кевин повторно ја среќава својата мајка. Но, традицијата на китење на дрвото на оваа локација започнала во 1931 година.
За оваа година, за украсување искористени се преку 50.000 лед сијалички, додека врвот го краси ѕвезда украсена со три милиони Сваровски кристали.
Елката ќе остане до крајот на јануари 2020 година.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Погледнете уште фотографии од новогодишната магија: