Со бувчето Рокси блесна и Рокфелер елката во Њујорк

3 декември 2021

Една од најспектакуларните елки во светот е онаа во њујоршкиот Рокфелер центар. Нејзиното украсување и палењето на свеќичките е спектакуларен настан кој многумина со радост го очекуваат и со кој се означува почетокот на празничната сезона во Њујорк.

За разлика од претходната кога вклучувањето беше онлајн, годинава присуствуваше и публика, а присутните ги забавуваат неколку изведувачи меѓу кои и Кери Андервуд.

Минатогодишното китење на Рокфелер елката помина знакот и во залутаното бувче, кое успеа да преживее и на кое му дадоа име Рокси, а кое беше вратено во природа, после соодветен медицински третман.

Сепак, организаторите одлучија да му оддадат чест и Рокси е сега заштитно лице на Рокфелер центарот.

Така, во друштво на маскотата Рокси и публика, завчера блеснаа 50.000 сијалички и ѕвездата со Сваровски кристали тешка 408 килограми, кои ја красеа елката висока 24 метри.

Погледнете како изгледаше тоа:

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Greta (@g_for_grace)

 

Објавено:
3 декември 2021
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
256 пати