Поставена подводната елка во Охридското Езеро посветена на децата со ретки болести

26 декември 2022

И оваа година нуркачите од Нуркачкиот центар АМФОРА од Охрид, традиционално ја накитија подводната, новогодишна елка.

Елката, која што е поставена под Музејот на вода, е посветена на дечињата со ретки болести.

На овој симболичен начин нуркачите им посакаа на најмалите здравје, успех и среќно детство, а воедно им ја честитаат новата 2023 година на сите жители во Македонија.

Посетителите на Музејот на вода, ќе можат да ја видат елката  до крајот на јануари.

Фото: Фacebook, Instagram

Објавено:
26 декември 2022
Категорија: 
Култура
Прочитано:
105 пати