Танцовите клубови „Eat the Beat" и „Break a Leg" од Скопје се организатори на престижните танцови натпревари, Европското Првенство и Светските купови.
На овој голем интернационален танц настан ќе има учесници и официјални лица од 22 земји, односно над 900 танчари.
Настанот ќе се одржи во С.Ц. Јане Сандански од 7. до 9. Ноември. Европското првенствo и Светските купови се дел од танцовиот проект наречен "DANCE OFF" кој покрај гореспоменатите првенства, на 10ти и 11ти ноември продолжува со Меѓународниот танцов натпревар "DANCE OFF 2018" , каде ќе учествуваат над 3000 натпреварувачи од 17 земји.
Поради огромниот интерес натпреварот покрај С.Ц. Јане Сандански на 11 ноември во истовреме ќе се одвива и во Македонската Опера и Балет, односно балетскиот дел од натпреварот.
Она што е најпримамливо за танчерите е дека најдобрите 15 перформанси од сите натпреварувачки денови ќе се натпреваруваат на ГАЛА Вечер каде наградниот фонд е 300 000 денари. Гала вечерта ќе се одржи на 11 ноември во 21:00 во МОБ.