Викендов на отворено се одржува јубилејното 5-то издание на меѓународниот танцов натпревар „Dance Off“

9 октомври 2020

Викендов на 10. и 11. октомври пред спортскиот центар А1 Арена Борис Трајковски ќе се одржи јубилејното 5-то издание на меѓународниот танцов натпревар „DANCE OFF“.

Во рамките на танцовиот викенд ќе се одржи и Куп во Модерни и Латино танци. Дел од учесниците на купот ќе ја претставуваат Македонија на Европското Првенство во Модерен, Џез и Класичен Балет кое ќе се одржи во декември во Варшава , Полска.

Поради ситиацијата со Ковид19 и ризикот од ширење на вирусот ,оваа година ќе изостанат натпреварувачите од другите земји , додека фестивалот ќе се одржи со ограничен број на перформанси и танчери од Македонија, под строго утврдени протоколи.

Dance OFF е празник на танцот и поддршка на танцовата уметност во овие тешки времиња. Идејата е да ги мотивираме младите да продолжат да се бават со танц и покрај многубројните ограничувања и искрено се надеваме дека ќе им значи да се појават на танцовата сцена после толкава пауза.

Овогодинешното издание на Dance OFF е само најава за она што треба да се случи наредната година во Скопје, а тоа е Европското Првенство во Модерен , Џез и Класичен Балет кое ќе се одржи во Јуни во Македонска Опера и Балет во организација на танцовите клубови „Break А Leg" и „Eat The Beat" од Скопје.

 

Објавено:
9 октомври 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
116 пати