Фантастични фотографии со бремени жени

30 март 2015

Мајчинството, а особено периодот на бременоста се неисрцпна инспирација за уметноста во сите нејзини форми.

Фантастична серија од фотографии со бремени жени под вода, направи генијалниот фотограф Адам Оприс од Флорида, кој целиот свој живот го поминал покрај вода па оттука првичната идеја за овој несекојдневен едиторијал.

Во неговата замисла, магичните сирени под вода се токму идните мајки кои во нив носат нов живот и со тоа и даваат посебност на секоја фотографија. А покрај се, како што вели и самиот фотограф, стандардните фотографии се премногу досадни. Затоа тој на своите модели-мајки им ја дава слободата под вода.

„Благодарение  на мојата голема љубов кон водата, правам моите  модели да изгледаат како сирени. Овозможувајќи им слободно да пливаат и да се движат под водата, успевам да ја доловам магијата на бременоста во најдобро светло“, вели фотографот за mymodernmet.com.

 

Објавено:
30 март 2015
Категорија: 
Култура