Филмот „Северен Пол“ на Марија Апчевска се закити со уште две награди

23 август 2022

Краткиот филм „Северен Пол" во режија на Марија Апчевска деновиве се закити со уште уште две награди на реномирани светски филмски фестивали, и тоа наградата „Kodak Best Shot On Film", во рамките на 18. HollyShorts Film Festival, кој се одржа од 11 до 20 август во Лос Анџелес и наградата „Punto Di Ritorno", за време на 3. издание на Calabria Movie Short Film Festival кој се одржа од 17 до 20 август во Кротоне, Калабрија.


Главните улоги во филмот ги толкуваат Антонија Белазелкоска и Лука Митев. „Северен Пол" е македонско-српско-унгарска копродуцкија, каде продуцент е Роберт Насков од „Кино око", а копродуценти Милош Љубомировиќ од „Сервиа филм", Миодраг Поповиќ од „Форгрејд" од Србија и Петер Шекереш од „Тиволи продукција" од Унгарија.


Директор на фотографија е Владимир Самоиловски, сценограф Кирил Спасески, костимограф Биљана Гргур, дизајн на шминка Горан Игњатовски, монтажер Драган Вон Петровиќ, дизајн на тон Игор Поповски и Бојан Паликуча, кастинг Кирјана А. Николоска.


Филмот ја имаше својата светска премиера во рамките на Канскиот филмски фестивал, а исто така беше и прикажан и на Сараевскиот филмски фестивал и на „Браќа Манаки" во Битола минатата година.


„Северен пол" е финансиски е подржан од Агенцијата за филм на Македонија и Српскиот филмски центар.

Објавено:
23 август 2022
Категорија: 
Култура
Прочитано:
75 пати