Големо обединување на екипата од „Кум“ на „Трибека“

2 мај 2017

Роберт Де Ниро викендов во Њујорк, направи вистински спектакл на затворањето на престижниот филмски фестивал „Трибека", чиј основач е.

На својата екипа од култниот филм „Кум" тој ѝ даде понуда што едноставно не можеа да ја одбијат: да се обединат по повод 45 години од првиот дел на серијалот.

Ал Пачино, Дајан Китон, Џејмс Кан, Роберт Дувал, Талија Шир, па и самиот режисер Францис Форд Копола му се придружија на Де Ниро на ова големо обединување кое со сигурност е еден од најзначајните настани што се случиле во рамките на фестивалот.

По прикажувањето на првите два дела, актерите ја почестија публиката со интересна панел дискусија на која се присетија на времето кога тие блеснаа на холивудското небо.

Објавено:
2 мај 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
599 пати