„Кум“ е најдобриот филм на сите времиња

14 јуни 2017

Читателите на онлајн изданието на магазинот Empire неодамна гласаа за најдобриот филм било кога направен и сосема оправдано и очекувано, на првото место се најде филмот „Кум“ на режисерот Френсис Форд Копола.

Познатиот магазин долги години наназад е посветен на филмската индустрија и сѐ што се случува во неа и имаат квалитетна публика, па многумина ќе кажат дека оваа анкета е и повеќе од веродостојна.

Слично гласање магазинот спроведе и во 2014 – та година, кога на првото место се најде „Star Wars: Episode V – The Empire Strikes Back“ од 1980 година.

На последната листа, истиот филм се најде на второ место, третото место беше резервирано за „The Dark Knight“, а на четврто и петто „The Shawshank Redemption“ и „Pulp Fiction“.

Во првите топ 10 најдобри филмови во историјата се најдоа и „Godfellas“, „Raiders of the Lost Ark“, „Star Wars and the Fellowship of the Ring“.

Инаку, на 24 – ти март годинава филмот „Кум“ прослави 45 години од првата премиера во 1972 – та година.

По тој повод, на неодамнешниот фестивал Трибека екипата од филмот повторно се собра, а на сцената можевме да ги видиме Ал Пачино, Дајан Китон, Џејмс Кан, Роберт Дувал, Талија Шир, режисерот Францис Форд Копола и Роберт де Ниро.

Објавено:
14 јуни 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
220 пати