„Heal the world“ од Мајкл Џексон звучи фантастично во изведба на ѕвездичките од детскиот фестивал „ЈОЈО“

13 април 2020

Талентираните ѕвездички на детскиот музички фестивал „ЈОЈО " се здружија во едно заедничко видео и испратија музичка порака за солидарност со фантастична изведба на „Heal the world" од Мајкл Џексон, апелирајќи на одговорност и грижа за иднината на најмладите генерации.

Малите, а големи Јојо херои, дадоа свој придонес во солидаризацијата со светот и нивната чиста и искрена порака ја пренесоа преку музика.

А обединувачката моќ на музиката и уметноста генерално, во овие моменти на глобална општествена криза, се покажа како универзален јазик на меѓусебно разбирање и клучна морална поддршка на човештвото.
Биди и ти #јојохерој и #седидома.

Идејата и организацијата е на тимот на фестивалот „ЈОЈО".

Видеото е преземено од ТВ Канал Вис.

Уживајте во нивната изведба.

Објавено:
13 април 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
431 пати