Хуманитарен репертоар на МНТ

15 август 2016

Македонски народен театар се приклучува кон хуманитарната акција за помош на поплавените и настраданите од невремето кое го зафати скопскиот регион со посебен репертоар. Сите приходи од претставите што ќе бидат одиграни во наредниот период ќе бидат донирани за помош на настраданите.

сцена од „Брачна игра“

Билетите за наведените хуманитарни претстави се пуштаат во продажба од денес, а во продолжение погледнете за кои претстави се работи и одберете ја омилената.

Или пак, ако можете, појдете на сите!

- 19.08.2016 (Петок) 20ч. ГРУПНА ДЕТОКСИФИКАЦИЈА - Стенд ап на Сашко Коцев во соработка со МНТ   

- 29.08.2016 (Понеделник) 20ч. - НЕ СЕ КЛАДИ НА ЕНГЛЕЗИ

- 30.08.2016 (Вторник) 20ч. - СОМНИТЕЛНО ЛИЦЕ

- 31.08.2016 (Среда) 20ч. - СВАДБАТА НА ФИГАРО

- 12.09.2016 (понеделник)20ч. - БРАЧНА ИГРА

- 17.09.2016 (Сабота) 20ч. ПРЕКИНАТА ОДИСЕЈА - Премиера, копродукциска претстава на МНТ и Театар "Хелена Модјеска" Легница, Полска

Објавено:
15 август 2016
Категорија: 
Култура
Прочитано:
253 пати