Играме заедно пак - настанот што ги обедини сите различности

8 мај 2023

Родители и дечиња куп, насмевки на лицата, топлина во срцата и сè со една цел - искрена дружба и прифаќање на различностите.

Вчера во градскиот парк на Школка се одржа Играме заедно пак, настан посветен на дечињата со атипичен развој, замислен како една огромна игротека на отворено.

Посетеноста беше навистина голема, децата, родителите и сите присутни поддржувачи на оваа добра цел уживаа во дружбата, играта и убавото сончево време.

Денис Јанкуловски-Космонаутко, е главниот "виновник" за настанот што ги обедини сите различности и порача дека она што е важно е прифаќањето и меѓусебната љубов.

Ви пренесуваме дел од прекрасната атмосфера и...се гледаме догодина Гуш и бац.

 

Објавено:
8 мај 2023
Категорија: 
Култура
Прочитано:
156 пати