Импресивен спој од адреналин, Париз и „селфи“ на Ајфеловата кула

8 октомври 2014

Доколку сте во потрага по локација за несекојдневно „селфи“, а сакате адреналин, Ајфеловата кула е вистинското место за вас. Во 2012- година започна реновирањето на популарната железна конструкција, а истата конечно е завршена. Сега посетителите може да се движат по стаклен под кој се наоѓа на височина од 57 метри.

 

Промената од внатрешниот изглед на Ајфеловата кула чини 37 милиони евра, а транспарентниот под е вграден на првото ниво каде исто така се сместени ресторани, продавници и музеј.

 

Колку за потсетување, Ајфеловата кула е изградена во 1889 година како дело на архитектот  Густав Ајфел и со своите 324 метри, 41 година беше највисоката градба во светот, се додека не се изгради Крајслеровата зграда во 1930 година во Њујорк.

Објавено:
8 октомври 2014
Категорија: 
Култура