Ајфеловата кула полни 125 години

31 март 2014

Металната кула со висина од 300 метри (сега околу 320 поради тв и антените за мобилните оператори), во прво време бил планиран да биде експонат и главна капија за влез на светската изложба, која ја одбележала 100 годишнината од Француската револуција.

На почетокот парижаните сакале да ја оттргнат оваа градба која ја сметале за потсмев, но по две годишната градба и свеченото отворање на 6 март 1889 година, станува заштитен симбол на Париз и туристичка атракција, која годишно ја посетуваат пет милиони луѓе од целиот свет. Исто така во кулата има два ресторана, едниот е под називот „Висина 95“ кој е сместен на таа висина и еден ресторан на вториот кат

Кулата името го добива по инженерот Густав Ајфел, кој претходно се истакнал во градбата на мостови, железници и метални конструкции. Исто така Густав бил сестран и имал знаење од областа на метереологијата, радиотелеграфија и аеродинамика.

Објавено:
31 март 2014
Категорија: 
Актуел