10 интересни факти што не сте ги знаеле за Ајфеловата кула

31 март 2015

На денешен ден во 1889. година, најголемата париска атракција, Ајфеловата кула и била претставена на јавноста и била отворена за посетители.

По цели 126 години, Ајфеловата куќа е инспирација за безброј фотографии и едиторијали, но и одличен повод да се посети еден од најпрекрасните градови во светот.

Таа денеска е еден од најупотребуваните симболи во светот, а речиси секој што ќе го посети Париз задолжително набавува по неколку приврзоци со Ајфеловата кула.

Во чест на годишнината на Ајфеловата кула, денеска ви пренесуваме неколку интересни факти кои веруваме дека не сте ги знаеле.

1.Ајфеловата кула требало да биде срушена во 1909 – тата година, бидејќи првично, истата била изградена за изложба во Париз, одбележувајќи еден век од Француската револуција.

2.Вкупно 300 работници споиле 18.038 парчиња железо, користејќи три и пол милиони завртки, според дизајнот и конструкцијата на дизајнерот Морис Кехлин.

3.За време на Втората светска војна, кога Хитлер го посетил Париз, Французите ја прекинале струјата и ги пресекле жиците за лифтот за тој да мора да се качува по скали до врвот во случај да сака да ја посети.

4.Проектот на изградба на Ајфеловата кула првично бил наменет за во Барселона, но бил одбиен. Висината на кулата може да варира и до 15 сантиметри зависно од промените во температурата.

5.Пронаоѓачот Франц Рајхелт загинал скокајќи од Ајфеловата кула, додека испробувал како и дали работи падобранот што сам го дизајнирал.

6.За да стигнете до врвот пешки, ќе мора да се искачите по вкупно 1.665 скали.

7.Ајфеловата кула е осветлена со вкупно 20.000 светилки.

8.Бојата со која е обоена конструкцијата на кулата, тежи колку 10 слонови.

9.Густав Ајфел имал апартман само за себе на врвот на кулата.

10.Во 2010 – тата година, жената по име Ерика ла Тур Ајфел се одлучила да се „омажи“ за Ајфеловата кула.

Објавено:
31 март 2015
Категорија: 
Актуел