Реконструкција на стара кула во современа архитектонска градба

9 јули 2014

Старата кула е изградена во далечната 1877 година во венецијанско – готички стил во склоп на Ламберт болницата во Кенингтон. Со започнувањето на реконструкцијата на кулата од 2011 година, таа стана една од најинтригантните градби кога станува збор за станбена архитектура.  Брачниот пар ја купи старата кула во тотално руинирана состојба  и успеаа да ја преуредат во совршен дом во централното подрачје на Лондон.

Кулата е со висина од девет катови доградена со „црна кутија“ во која се сместени кујната и дневната соба. Во кулата има четири спални соби, теретана, соба за работа и учење, соба-гардеробер.  На средината на кулата има широка тераса која нуди комформност за уживање во летниот период, а секако клучен е и феноменалниот поглед кон целата околината.

Објавено:
9 јули 2014
Категорија: 
Култура