Интернет во служба на уметноста
•
1 август 2014
Неколку познати музеи во светот веќе извесно време овозможуваат бесплатно да се користат фотографии од нивните збирки поставени на веб страните. Сега, кон овој тренд се придружи и познатиот музеј Метрополитен.
Повеќе од 400.000 дигитални слики со висока резолуција од неговата колекција ќе можат бесплатно да се преземат, директно од сајтот на музејот.
Проектот е наречен Open Access for Scholarly Content односно „Отворен пристап за научна содржина“.
Доколку делото е слободно за преземање, ќе се појави ознака OASC.
Сега нема повеќе пречки комплетно да уживате во уметноста.