Актерката Раилда Кадриќ, која Балканот ја запозна и засака преку улогата на Марија од серијалот филмови „Жикина династија“, почина ненадејно во 57-година од животот, пренесуваат српските медиуми.
Веста за нејзината смрт ја објави нејзиниот пријател Душан преку мрежата фејсбук, како и преку изјава за весникот „Курир“.
View this post on Instagram
„Од нашите животи вчера си замина Раилда Шебек (1963-2021), актерка и психоаналитичарка, драга пријателка. Се расплакав после не знам ни јас колку време - кризата и депресијата околу короната и личниот живот во време на оваа социјална куга, не ми дадоа повод да стапам во контакт со својата тага, затоа што се обидувам да бидам силен и да преживеам“, вели тој во својот фејсбук статус.
Раилда, според српските медиуми, починала во Атина, каде и живеела последните години. По завршувањето на гимназијата, запишува Светска книжевност во Белград. За да го усоврши англискиот јазик, во 1984 година првпат ќе отпатува за Лондон. Таму ќе се врати и две години подоцна, но ќе остане да живее повеќе од 30 години.
View this post on Instagram
Во Велика Британија, работи како новинарка и репортерка, а потоа почнува да учи, а подоцна и да работи како психотерапевтка, што во едно интервју ќе рече дека исклучително ја прави среќна и исполнета.
-Бев во Лондон на усовршување на јазикот. Тој 16. јануари 1991 година, кога почна војната во Залив, мојата мајка ненадејно почина на улица во Белград. Седев во станот во Лондон, гледав вести, слушав за почетокот на војната, кога стаса и таа вест. Аеродромот беше затворен и немав начин да се вратам дома. Исклучително бев врзана за мојата мајка, а бидејќи неа ја немаше повеќе, војната во поранешна Југославија се ширеше во целата земја, одлучив да се вратам во Лондон и таму да започнам некој нов живот“, раскажа во една прилика Риалда.
View this post on Instagram