Почина пејачката на инди-рок бендот „The Cranberries“

15 јануари 2018

Во 46-та година од својот живот денеска во Лондон почина вокалот на светски популарниот инди-рок бенд The Cranberries, Долорес О'Риордан.

Веста која ги шокираше фановите на нејзината музика, беше потврдена и со официјално соопштение што го пренесе The Guardian.

Во соопштението се вели:
„Ирската и интернационалната музичка ѕвезда Долорес О'Риордан почина ненадејно денеска во Лондон. Имаше 46 години. Пејачката на ирскиот бенд „The Cranberries" престојуваше во Лондон за кратко снимање во студио. Повеќе официјални детали не се достапни до сега".

Нашите идоли од детството чиј водечки вокал беше Долорес, The Cranberries успејаа да продадат повеќе од 40 милиони копии на своите албуми ширум светот.

Во име на Долорес се потсетуваме на нивните најголеми хитови.

Објавено:
15 јануари 2018
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.546 пати