Модниот свет го шокираше веста за ненадејната смрт на познатиот топ модел од 90-те, Стела Тенант која само пред неколку дена го прослави 50-от роденден.
Веста ја потврди нејзиното семејство кое во кратко соопштение до јавноста пренесе:
-Со неизмерна тага објавуваме дека Стела ненадејно почина на 22 декември, на 50-годишна возраст. Таа беше прекрасна личност и голема инспирација за сите нас и многу ќе ни недостасува.
Причината за смртта сè уште не ѝ е позната на јавноста.
Таа важеше за еден од најпопуларните модели од 90-те години, во друштвото на Наоми Кембел, Синди Крафорд, Линда Евангелиста, Клаудија Шифер, а беше и муза на генијалните Карл Лагерфелд и Версаче. Александар Меквин з неа ќе каже дека го инспирирала да создаде цела колекција.
До 2018 година беше во брак со фотографот Дејвид Ласнет со кого има четири деца.