Реприза: Тејлор Свифт пак на Victoria’s Secret

18 ноември 2014

BN-AK128_taylor_KV_20131114093116

Иако ангелите го критикуваа нејзиниот прв настап пред неколку изданија, изгледа дека Тејлор Свифт  без оглед на сè си обезбеди учество и на годинешното Victoria’s Secret шоу во Лондон, што ќе се одржи на 2-ри декември.

Но, оваа година, пејачката ќе ја дели сцената со Ед Ширан, Аријана Гранде и ирскиот музичар Хозиер, пренесува британскиот „Вог“.

За Свифт оваа вечер ќе биде посебно интересна, затоа што покрај со Карли Клос која е една од Ангелите, пејачката е одличен пријател и со Ширан, а голем обожавател на Хозиер.

Што ќе покажат сите тие, останува да видиме на почетокот на декември, но она што е сигурно е дека шоуто ќе биде спектакуларно. Поинаку не се ни очекува.

Објавено:
18 ноември 2014
Категорија: 
Актуел