На вчерашното спектакуларно модно шоу на Викторија сикрет, покрај тоа што сите со нетрпение очекуваа да ги видат ангелите, со иста толкава возбуда се очекуваше и настапот на омилената Тејлор Свифт. На црвениот килим таа се појави во многу едноставно, но истовремено ултра секси издание, благодарение на црниот припиен мини фустан која ја следи линијата на нејзината совршена силуета, аплициран со цветни мотиви кои оставаат дополнителен печат. Комплетниот нејзин изглед е заокружен со елегантни црни чевли на високи потпетици со тенок ремен околу глуждот, и сјајна здрава испеглана коса.

Објавено:
14 ноември 2013
Категорија: 
Стајлинг на денот