Вчеравечер се одржа втората полуфинална вечер на интернационалниот избор на песна за Евровизија, на која настапи и нашата претставничка Јана Бурческа со „Dance alone", песна која веќе е хит.
Иако крајниот резултат е дека не се пласиравме во финале, Јана имаше одлична песна и беше апсолутно достоен претставник на нашата земја, не само во однос на нејзиниот сценски настап, туку и кога е во прашање комплетната промотивна тура низ европските земји.
Она за што на големо се зборуваше и сѐ уште се зборува, по настапот на Јана, е кога таа со целата европска јавност го откри интимниот момент дека наскоро ќе стане мајка, а возбудата продолжи и во „зелената соба" кога нејзиното момче Александар, пред камерите ја побара за жена.
Јана рече ДА, а тоа со сигурност е едно големо финале во нејзиниот живот.
Во продолжение погледнете го нејзиниот настап на евровизиската сцена.