Прва проба на Андреа на евровизиската сцена во Торино

3 мај 2022

Македонската евровизиска делегација вчера замина за Торино, Италија, а веќе денеска нашата претставничка Андреа ја имаше својата прва проба во „Пала Олимпико".

Според објавените фотографии и видеа, изведбата на „Circles" ќе биде проследена со драматични светлечки ефекти на сцената, додека пак Андреа на нејзиното прво соочување со евровизиската сцена беше облечена комплетно во црно, естетика на која се придржува на сите нејзини јавни појавувања откако беше избрана за наша евровизиска претставничка годинава.

Како што велат од македонската евровизиска делегација, од денес па се до втората полуфинална вечер на 12-ти мај (кога и ќе настапи Андреа) со амбиции и желби и за финалето на 14-ти мај, евровизиската агенда е исполнета со бројни настапи, средби со медиуми и прес-конференции, а во фокусот се техничките и генерални проби кои директно влијаат на финалниот настап на Андреа.

За потсетување, минатата година евровизиската победа на Италија ѝ ја донесе рок бендот „Манескин" кои во меѓувреме стекнаа огромна светска популарност.

Погледнете каква беше атмосферата на првата проба.

Фото: eurovision.tv

 

 

Објавено:
3 мај 2022
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
343 пати