При средување на нов или преуредување на веќе постоечки станбен простор, едно од главните прашања е во кој стил да го уредите. Можности има многу, но сепак естетските критериуми се основни при изборот на стилот на уредување.
За да дојдете до одговорот како да го уредите својот дом, потребна ви е анализа. Обрнете внимание на:
-естетскиот критериум
-функционалност на елементите
-функционалност на просторот
-финансии
Согледајте ги просторните можности на вашиот дом.
- Минималистчки стил
Ако имате мал домашен простор, модерното минималистичко уредување е она што ви е потребно. Елементите треба да се со геометриски облици, бидејќи такви нема да го оптоваруваат просторот и пожелно е да се ниски и долги. Исто така, ќе го направат и просторот поголем. Огледални површини и стакло се добредојдени. Овој стил најчесто се практикува во станови со квадратура околу (или до) 50 метри квадратни. Кога се боите во прашање, се практикуваат до три – бела, крем и уште една по избор.
- Рустичен стил
И покрај тоа што е рустичен, не значи дека не е модерен. Напротив. Можете да употребите тапети како тули или камен, да си направите камин, што ќе ја стопли домашната атмосфера. Мебелот може да биде и со чисти линии, но и да е изработен од дрво. Кожен килим идеално ќе се вклопи во ваков дом.
- Луксузен стил
Тука можете да употребите каков стил сакате – модернистички, уметнички, рустичен, минималистички, но значи дека ќе морате да вложите во најквалитетните материјали. Исто така, луксузниот стил подразбира и поголем простор, за да може да си играте со боите, стиловите, деталите.
- Уметнички стил
Уметничкиот стил во голема мера е индивидуален. Ова подразбира употреба на уметнички експонати, кои ја задоволуваат функцијата, но и визуелно уживање. Но, овој начин на уредување не е практичен за семејство со деца.
Кога ќе го одберете стилот, важно е да се направи и изборот на материјали, кој пак мора да соодветствува на стилот што сте го одбрале:
Дрвото, каменот, но и сите останати видови материјали во темни бои изгледаат тешко и репрезентативно во просторот, па оние што располагаат со помала квадратура, треба да одберат материјали, како што напоменавме и погоре, во посветли бои.
Освен големината на просторот, од голема важност е и осветленоста на истиот. Не само во поглед на тоа како да го одберете стилот, туку и за ваше правилно функционирање во просторот.
Ако вашиот животен простор има помали површини со прозорци, или има сенки кои ги создава природата околу станбениот простор, тогаш одлучете се за „транспаретни“ стилови и полесни материјали.
Направете ја анализата, одмерете ги можностите и впуштете се во нова авантура.