Култни парчиња од Живанши изложени во музеј во Мадрид

29 октомври 2014

Челните лица на Музејот одлучија да направат изложба која ќе ја посветат на 87 годишниот моден дизајнер, кој прво се двоумеше за понудата, но подоцна ја прифати токму поради љубовта кон Шпанија и сопствените креации. За таа потреба, беа собрани околу 100 парчиња од повеќе приватни колекции.

Посетителите имаат можност да видат голем број креации кои се поделени според временските периоди на нивна изработка, со цел да се направи спој на модата и уметноста. Фокусот на изложбата е биде ставен на креациите направени за Џеки Кенеди, а особено се издвојуваат култниот фустан кој Одри Хепберн го носеше во „Breakfast at Tiffany's" и црниот коктел фустан од свила, кој актерката го носеше во филмот „How to Steal a Million“.

Убер де Живанши се пензионираше во 1995 година, а по тој повод имаше изјавено –„Мислам дека ерата на Високата мода е завршена“. Според него, најдобриот дизајнер кој правеше чуда беше токму Ив Сен Лоран. Изложбата во Мадрид ќе трае до 18 јануари.

Објавено:
29 октомври 2014
Категорија: 
Култура