Леандра Медин: Не дозволувајте вашата работа да ви биде само егзистенција

1 ноември 2017

Познатата модна блогерка, сопственичка на блогот „The Man Repeller", Леандра Медин, има целосен легитимитет да ги посоветува жените ширум светот со по некој корисен деловен совет. Таа е една од највлијателните модни блогерки која својот блог го стартуваше пред седум години, период кога брзо прогресираше во освојувањето на симпатиите на модните вљубеници. Беше и на престижната листа на Форбс, „30 under 30", а е и една од омилените блогерки на познатите дизајнери меѓу кои и Ребека Минкоф и Филип Лим кои секогаш имаат резервирано место во првите редови за неа, на нивните модни ревии.

На својот пат во остварување на соништата, таа се соочила со многу предизвици од кои научила значајни животни лекции, што и помогнале да се оформи како карактер.

# Ако сте дел од индустрија или работа која што едноставно не е за вас, бидете задоволни со тоа што сега веќе ќе знаете што не сакате да работите.

# Две многу значајни карактерни особини битни за да успеете во деловниот свет се фокусираност и дисциплина, а јас тоа го научив на потешкиот начин. Ако овие особини не ви се познати, тогаш работете на тоа да се поправите.

# Не дозволувајте вашата работа да ви биде само за егзистенција, затоа што така ќе ја изгубите страста.

# Ако не се забавувате баш секој ден, немојте да мислите дека се занимавате со погрешна професија, затоа што вие може да ја сакате својата работа, без да го сакате секој сегмент од неа. Таа не треба да направи да се чувствувате како да сте на платен одмор, затоа што сепак е работа.

# Осигурете се дека вашите лични цели се ускладени со деловните, затоа што ако вашата кариера не се вклопува со вашиот живот, тогаш работите без страст.

Објавено:
1 ноември 2017
Категорија: 
Култура
Прочитано:
249 пати