Лејди Гага се враќа на своите корени со стилот „Mother Monster“ за нејзината турнеја Chromatica Ball

19 јули 2022

Секој кој барем за момент посветил внимание на кариерата на Гага и нејзината сценска присутност би се согласил дека покрај нејзината музика, Лејди Гага е позната и како модна икона со невообичаена храброст за експериментирање со нејзиниот стил.

Фото: Vogue

Оваа карактеристика на Гага е присутна од самиот почеток на нејзината кариера и до ден денешен се провлекува како еден од нејзините главни одлики. Па така, нејзиниот карактеристичен стил се отсликува преку секој следен концепт и на секој сценски настап, вклучително и концертите кои се дел од нејзината нова долгоочекувана светска турнеја Chromatica Ball.

За турнејата што започна на 17 јули во Дизелдорф, Германија, Гага го оживеа нејзиниот препознатлив стил познат како „Mother Monster" на сцената која беше видно инспирирана од бруталистичката архитектура, додека пак модниот допир го дадоа нејзините тројца познати стилисти Никола Формичети, Том Еребоут и Сандра Амадор.

Концертот беше отворен со незаборавен перформанс на хитот „Bad Romance" каде пејачката се појави во вонземска креација од архивата на Герет Пју од 2007 година карактеризирана со шилести рамена, но за време на концертот, Гага се враќа повторно во креација на Пју, овојпат во конусовиден дизајн.

Фото: Vogue

Веќе од самиот почеток на турнејата станува јасно дека Гага полека се оддалечува од розовиот футуристички стајлинг кој го одбележа синглот „Stupid Love" и одлучува да им се врати на своите корени и да го оживее својот застрашувачки научно-фантастичен и далеку помрачен стил со кој ја запечати својата популарност, „Mother Monster". Овој стил беше главниот белег на нејзините турнеи Monster Ball и Born This Way Ball, и како дел од него Гага носеше егзоскелетни фустани на Олима и вонземски креации на Армани.

Долгогодишната кариера и сценски настапи на Гага вклучува бројни експерименти како кантри-вестерн стилот за нејзиниот албум „Joanne", но и стилот на Стариот Холивуд за нејзината турнеја A Star Is Born. Сепак, за Chromatica Ball, Гага се одлучи да им се врати на авангардните силуети, шилците, латексот и кожата.

Концептот и темата на нејзиниот последен албум, траумата и борбата со внатрешните демони, освен што беа отсликани преку нејизната музика, беа преточени и во физичката реалност преку модата благодарение на неколку џиновски дизајнерски имиња како Герет Пју, Александар Меквин и Кристијан Лакроа, чии креации беа илустрација на поривот за борба на пејачката како и чувството на изцелување и триумф над траумата и болката.

Во продолжение можете да погледнете неколку фотографи од концертот кој се одржа завчера во Дизелдорф и да го просведочите враќањето на „Mother Monster".

 Фото: Vogue

Фото: Vogue

Фото: Vogue

Фото: Vogue

Фото: Vogue

Фото: Vogue

Фото: Vogue

Фото: Vogue

Објавено:
19 јули 2022
Категорија: 
Култура
Прочитано:
136 пати