Мајка направи куќичка од соништата за своите деца

5 мај 2020

Беки Алис е името на мајката која успеа да собере преку 5.000 лајкови за својот труд. Имено, таа живее во Престон, Британија и со нејзиниот партнер одлучиле да им ја реновираат куќичката за играње во дворот. Истата претходно и сами ја изградиле, а сега се потрудиле да ѝ дадат нов живот.

Резултатот е фантастичен.

Новата куќичка ја сподели во една група на Фејсбук, потенцирајќи дека реновирањето не ја чинело воопшто скапо. Боја веќе имала, цветовите ги порачала од интернет, како и дел од останатата декорација. 

Таа ја претворила куќичката во неверојатно мало кафуле. За да биде забележливо и навечер, таа додала и сијалички, кое создаваат одлична атмосфера.

Погледнете:

Објавено:
5 мај 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
345 пати