По една година пауза, Младинскиот културен центар по четврти пат го организира мултикултурниот маратон – Роденденот!
Со овој настан закажан за 17. Јануари (сабота), МКЦ ја отвора новата сезона за 2015 година.
Сите гости кои ќе бидат присутни на роденденот, ќе може да уживаат во изложба, концерт, поетско-сценски перформанс, филмски маратон, музички сетови, а влезот ќе биде бесплатен.
„Ви ја најавуваме изложбата насловена “Простор, Човек, Симбол” на Александар Станкоски.
Повеќе од 20 учесници, вклучително и поети од Република Србија ќе земат учество во големиот поетско-сценски перформанс ПЕСНИЛО.
Имаме 5 домашни бендови на програмата + 3 музички селектори:
SIZ, KNNT, AUTMIND, SUSIJAT, FIGHTING WINDMILLS,
Во бифе МКЦ музика ќе селектираат Саша Павловиќ, Соња Исмаил и Шурбе(ира)...
Во Кино Милениум, најавуваме бесплатен 24 часовен филмски маратон (програмата на маратонот ќе биде објавена во текот на неделата)“, соопштуваат организаторите на настанот.
Се гледаме на „Роденден“!